| has gloss | mkd: Историја Лугола од Битола, групата на корисници на Линукс, е основана во март 2004 година од страна на Александар Балаловски. Потребата за создавање на група на корисници на овој тип софтвер (слободен, ГНУ/Линукс) е иницирана од некоординираноста на помошта за корисниците на ГНУ/Линукс, за прашања поврзани со работата на овој оперативен систем, инсталација и одржување на истиот. На 15 март 2004г. е одржан првиот состанок на тогашните и некои од сегашните членови на групата. Tогашните и некои од сегашните поради тоа што составот на групата не е ист. Некои заминаа, некои се вработија, некои се насочија кон други обврски и користење на друг софтвер. На првиот состанок беа доделени обврски на членови кои сакаа да координираат одредени проекти. Имаше координатори за програмирање, за пропагирање, вмрежување, дизајн и сл. Состаноците во почетокот се одржуваа еднаш неделно во просториите на Техничкиот факултет во Битола, во ден одреден претходно од членовите. |